„Simply the best“ – Rock Pop ’80 & ’90: Традиционален концерт на МОБ за „Василица“

Македонската опера и балет ја продолжува традицијата. На 12 и 13 јануари (петок и сабота), 2018 г. ќе го одржи концертот по повод празникот „Василица“.
Оваа година концертот носи наслов „Simply the best“, односно, направен е избор од најдобрите поп-рок хитови од’ 80 и ’90-те години.
Публиката ќе има можност да ужива во популарните: „ With or without you“; „Freedom“; „I drove all night“;„Listen to your heart“; „Simply the best“; „Every breath you take“; „I want to break free“; „Black velvet“ и многу други. Ќе ги исполнат популарните ѕвезди од македонската естрада: Александар Тарабунов; Горан Наумовски; Елена Петреска; Ана Мицковска; Александра Јанева; Ѓоко Танески; Бени Шаќири; Дани Димитровска; Наташа Малинкова; Лена Заткоска, Даниел Дан, гостинот од Хрватска Бојан Јамброшиќ, како и оперските солисти Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.
Ќе ги придружува големиот оркестар на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Почитувајќи ја традицијата на нашиот народ да ја прославува т.н. „Стара Нова година“, Македонската опера и балет го востанови овој концерт во 1993 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас. Билетарница на МОБ: 02 3118-451 или онлајн: www.mob.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …