(ФОТО) Рики Мартин се оженил:„Тој е мој сопруг, мој маж“

Една година после свршувачката Рики Мартин застанал на „лудиот камен“.
Латино заводникот на својот партнер Жван Јосеф, му го изговорил судбоносното „Да“. Иако пејачот летоска најавувал дека нивната свадба ќе се случи во Порторико и дека го чека голема и тешка организција се чини дека се откажал од сето тоа, па церемонијата на венчавка била одржана во тајност“ пишуваат светските медиуми.


Дека својот однос го подигнале на повисоко ниво, открил самиот Рики Мартин и тоа случајно на црвениот тепих, за време на премиерата на ТВ серијата „Американска криминалистичка сторија: Убиството на Ѓани Версаче“, во која Мартин го толкува ликот на Д’Амико, долгодишен љубовник на славниот дизајнер.
„Чувството е прекрасно. Не можам да го опишам како мој свршеник. Не можам. Тој е мој сопруг, мој маж“ изјавил пресреќниот пејач на црвениот тепих.
Иако венчавката била извршена во тајност, Рики сакал со најдрагите пријатели да ја прослави својата љубов, па во тоа име ќе организирал и голема веселба.

🌴☀️🌴


A post shared by Ricky (@ricky_martin) on

„Да, тоа ќе биде типична тридневна журка, вечера, повторена церемонија и забава“ изјавил пејачот, пишува The Sun.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …