Колку чини песна во Македонија: Дарио и Принц ќе добијат по 9.000 евра – музички субвенции

И покрај незадоволството и критиките од публиката, но и но и кај повеќето автори, пејачи и продуценти кои најмногу реагираа на начинот на кој се одбира комисијата која одлучува за субвенционираните песни продолжува „наградувањето“ песни кои никој не ги слуша…

Пред неполни два месеца од Министерството за култура најавија дека ќе се укинува Законот за поддршка на домашната музичка продукција, донесен на крајот од 2013. година во мандатот на министерката Елизабета Канчевска Милевска. Доега од Буџетот се потрошени два милиони евра за создавање македонска музика.
Но, во првите денови од новата година, Македонската радиотелевизија (МРТ) го објави списокот со примени и одбиени композиции од последниот конкурс за музички субвенции. На фолк-интерпретаторот Али Бајрам и на поп-изведувачите Авни Аљији и Дарио Панковски државата ќе треба да им исплати по 9.000 евра за по две песни кои ќе ги промовираат во наредниот период. Сите тројца се рангирани во категоријата „ѕвезди“ каде финансиската поддршка е најголема и изнесува 4.500 евра за еден рефрен (3.000 евра за звучно снимање на песната и 1.500 евра за спот).


За разлика од претходниот конкурс, жирито овојпат даде зелено светло и за две композиции со кои ќе се афирмираат семејните вредности во општеството. „Родно семе да остане“ и „Се враќам дома за Божик“ се насловите на нумерите со кои Кристијан Тасевски и Денис Димовски ќе лобираат за многудетни семејства.Народни пари се предвидени и за еден патриотски рефрен, темата „Оваа земја убава горда“ во изведба на Анета Василева. Само за овие наменски песни државата годишно исплаќа 60.000 евра.

Принц ќе претстави три нови песни снимени со народни пари
Одобрени се 32.000 евра и за осум детски композиции, а на оваа листа се повторуваат исти автори. Дури три од овие песни се дело на Ангелина Мицковска. Толку му се одобрени и на Блаже Алексовски. Како „врвен изведувач“ овојпат доминира Александар Ристовски-Принц кој за три нови нумери ќе добие 9.000 евра. Интересен момент во оваа категорија е што Ѓорѓи Крстевски е
рангиран како изведувач на народна музика. По 3.000 евра треба да добијат Ристо Самарџиев, Кристијан Габроски и Бајрамаљи Идризи.
Комплетниот список го има на официјалниот сајт на МРТ. Во составот на жирито предводено од Константин Карев, за eстрадното спонзорство одлучувале Бекир
Алиу, Панче Илиев, Благоја Здравковски и Деан Ќурчиев. По неколку реализирани конкурси, финансиската поддршка на домашната музичка продукција наиде на жестока критика кај публиката, но и кај повеќето автори, пејачи и продуценти кои најмногу реагираа на начинот на кој се одбира комисијата која одлучува за субвенционираните песни.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …