Издвојуваме најдобри зимски парчиња од категоријата која сите ја сакаме – распродажба.
По топлите јануарски денови, зимата не изненади со остар мраз. И баш кога се соочивме со вистинските зимски студови, стана јасно што ни недостига во гардеробата. За среќа, јануарските распродажби стигнуваат како совршен момент да го збогатиме својот ормар по поволни цени. Ќе ви откриеме кои се тие парчиња кои треба да ги набавите овој јануари за да бидете во тренд, а во исто време и да заштедите пари.
За почеток, ниедна зимска гардероба не е комплетна без удобен џемпер. За среќа, сега за време на распродажбите можете да најдете луксузни модели од волна или кашмир, кои се долгорочна инвестиција. Џемперите со висока ролка или класичните модели се дефинитивен must-have. Тренди избор е и џемперот со вшиен шал – елегантен и топол, совршен за зимските денови. При изборот на бои, играјте на сигурно со неутрални тонови како сива, црна или беж, бидејќи лесно се комбинираат со сите парчиња во ормарот.
Покрај џемперите, задолжително додајте топли ролки на вашата листа за шопинг. Тие се совршено парче за бизнис комбинации со сакоа, вечерни излегувања со здолниште или фустани, но и за опуштени прошетки во комбинација со фармерки. Не заборавајте ниту на удобните кардигани, посебно оние oversized модели од волна кои се совршен додаток за слоевити зимски комбинации. Поло-крагната е уште еден детал кој ќе ја обележи 2025 година, па идеално е да го имате во вашата гардероба.
Ако сакате удобност и софистицираност, плетениот комплет е вистински избор. Без разлика дали ќе одберате панталони со џемпер или здолниште со кардиган, ваквите парчиња се стилски и функционални. За максимална топлина во текот на зимата, одберете „пуфнасти” плетени варијанти кои можете да ги носите и одвоено, со што добивате уште поголема исплатливост на ова парче. Плетениот фустан е уште еден зимски фаворит – тесен или oversized џемпер-фустан, во зависност од вашиот стил, одличен избор е за секоја прилика.
Со оглед на зимските услови, на распродажбите можете да најдете и совршен зимски капут или јакна. Идеалната должина е нешто под колковите, бидејќи ви овозможува слобода на движење. Ако сакате да го истакнете струкот, одберете јакни со појас или со прилагодување на струкот, кои се многу актуелни и модерни оваа сезона.
Знаеме колку се важни обувките кога станува збор за зимата, па затоа на распродажбите секогаш можете да набавите топли чизми со внатрешно крзно или волна кои се совршени за градски прошетки или зимување. Кога одбирате чизми, задолжително посветете внимание на ѓонот – моделот со соодветни шари ќе ве спречи да се лизнете по снег или мраз.
Да го дочекаме јануари со стил, се погрижи и IQOS ,чија понуда можете да ја најдете на официјалната веб-страница. А со избраниот нов аксесоар, истиот може да стане ваш главен моден детал оваа зима.