Да и помогнеме на Ана: „ДНК“ со посебна молба до хуманите луѓе!

Акцијата за помош на Ана Радеска ја поттикнаа и членовите на ДНК!!!
„Од СРЦЕ за Ана❤️
Драги Наши,
По објавата на социјалните мрежи, веднаш стапивме во контакт, отидовме на гости и лично ја запознавме Ана Радеска на која што во моментов сме и многу потребни. 🥺
Ана има 16 години, ученик при средното училиште “Орце Николов”, прекрасно и воспитано девојче кое е во најубавите тинејџерски денови и кога освен на дружење, школо и симпатии не би требало да се замара со ништо друго. За жал животот и приредил непланирана “препрека” која сме убедени дека сите заедно сплотени ќе ја поминеме без никаков проблем!
Дијагностицирана и е ретка болест “Arnold – Chiari Mafirmation” за чија интервенција се потребни 37.000евра, која треба да се случи во Бамберг (Германија) најдоцна до крајот на февруари.
Заедно со Ана од срце ве замолуваме да бидете хумани за што поскоро да се заврши целиот процес и Ана повторно да биде безгрижна и да се “замара” со работи кои на нејзини години треба да и бидат секојдневие.
Како ДНК дониравме 30.000ден (за жал толку можевме и толку дозволува нашиот буџет 😞), но веруваме дека секој еден од вас кој е во можност би можел да сврти барем еднаш на телефонските броеви и да ја сподели информацијата за да ги собереме потребните средства.🙏
Оние кои можат повеќе имате и транскациска сметка, но и телефон контакт од Сашка, мајката на Ана со која ќе се договорите околу понатамошните инструкции.
Од срце сме ви однапред благодарни,
Ваши,
Панчо, Андреј и фамилија Радески🙏
Броевите за донации:
Телеком – 143 115
А1 – 143 479
Трансакциска сметка за донации:
СТОПАНСКА БАНКА
АЛЕКСАНДРА РАДЕСКА
200001580828877
IBAN: MK07200001578950084
SWIFT: STOBMK 2X
Контакт Телефон:
Сашка 071 228 495“, напишаа Панчо и Андреј на Фејсбук.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Потпишан е Меморандум за соработка меѓу НУ Македонски Народен Театар и ИУ Еуропа Прима

На вчерашната средба меѓу директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, и Ректорот на факултетот …