(Рецепт) Вкусен, кремаст и миризлив: Чоколаден колач направен од една смеса

Ако сте од оние луѓе кои сакаат само чоколадни колачи и колачи, пробајте го овој рецепт. Освен што е вкусен и миризлив десерт, неговата најголема предност е што се прави од една смеса.
За подготовка е доволен половина час, а може да се јаде веднаш по печењето.
Состојки:
три јајца
150 грама темно чоколадо
120 грама шеќер
100 грама брашно
100 грама путер
половина кесичка прашок за пециво
две кесички ванилин шеќер
Подготовка: растопете го путерот на тивок оган. Кога ќе се растопи, тргнете го од оган и со повремено мешање додајте ги коцките темно чоколадо. Во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот додека не станат пена.
Веќе можете да ја вклучите рерната на 180 степени и да ја оставите да се загрее. Потоа соединете ја смесата со јајца и шеќер со смесата од растопениот путер и чоколадата. Матете додека не добиете изедначена смеса, па постепено додавајте ги сувите состојки и продолжете со матењето.
Земете го калапот во кој планиравте да го печете колачот и обложете го со хартија за печење или премачкајте со малку масло. Пожелно е да имате калап со големина помеѓу 18 и 22 сантиметри.
Колачот треба да се пече минимум 15 минути на 180 степени, а доколку не сте љубители на покремасти структури, печете го околу 20 минути. По печењето оставете го колачот 10 минути да се излади пред да го послужите. Можете да го посипете и со шеќер во прав.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот маченик Трифун

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на …