Националниот џез оркестар го најавува почетокот на новата концертна сезона со еден задолжителен настан – Џез лектира: Quintessence by Quincy Jones

Концертот, кој ќе се одржи во Филхармонија на 24 јануари, со почеток од 20 часот, го покрива значајниот биг-бенд опус на сестраниот музички магнат Квинси Џонс, почнувајќи од неговиот прв албум издаден во 1959 година, ексклузивни неиздадени аранжмани; негови аранжмани за Френк Синатра и оркестарот на Каунт Бејси, како и биг-бенд аранжмани на композиции од подоцнежниот поп период кога Квинси доминира како аранжер и продуцент. Во овој дел од концертот како солисти ќе ги видиме:

  • Калина Велковска
  • Светлана Јовановска
  • Ана Петановска
  • Дејан Бобиќ Дексо
  • Сашо Гигов Гиш
  • Џон Илија Апелгрен

Диригент на концертот е маестро Владимир Николов.


Билетите за концертот може да ги набавите online на линкотhttps://mktickets.mk/event/quintessence/ и на продажните места на MKTickets.

За плакатот е искористена графиката “Шарен џезер” на академскиот сликар Сергеј Андреевски од циклусот “Џезери”, прва во низата дела кои ќе бидат употребени за нашите плакати во текот на оваа година.


Quintessence by Quincy Jones е уште една џез лектира која не смее да остане непрочитана!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната пејачка Бојана Атанасовска-Скендеровски

Бојана Атанасовска-Скендеровски, е родена на 14 февруари 1984 година во Скопје. Таа е позната македонска …