Номинациите се поместени, а сега прашање е што ќе се случи со самата награда Оскар
Церемонијата на Оскар може да биде откажана по прв пат по 96 години поради пожарите кои не престануваат во Лос Анџелес, пишува Mirror.
Официјалните комитети на Оскарите секојдневно ја следат ситуацијата како што се приближува настанот. Лос Анџелес е уништен од постојано растечките пожари, а илјадници луѓе ги загубија своите домови.
Номинациите за овогодинешната награда веќе се одложени. Академијата за филмски уметности и науки изрази загриженост за многуте членови погодени од пожарите, особено во областа Пацифик Палисадес каде бројни познати личности ги загубија своите домови.
Оскарите за оваа година се закажани за 3 март.
„Главната грижа на одборот во моментов е да не изгледа како да слави додека луѓето од Лос Анџелес се соочуваат со незамислива загуба“, изјавил извор за The Sun.
– И секако, дури и да се изгаснат пожарите следната недела, реалноста е дека градот со месеци ќе се справува со таа болка.
Во пожарите загинаа 24 лица, а над 200.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, додека на 88.000 им беше наредено да се евакуираат.
Фото: Архива