Иако Кристиано Роналдо тврди дека не ја силувал Кетрин Мајорга, тој ќе мора да се соочи со неа на суд и да ја докаже својата невиност, пренесуваат американските медиуми. Судот во Лас Вегас го отфрлил барањето на Роналдо за отфрлање на случајот, што значи дека тој ќе мора да се соочи со Кетрин на суд.
Кетрин Мајорга ја шокираше јавноста со тврдењето дека Роналдо ја силувал во хотелска соба во 2009, година, а потоа ја принудил да потпише договор со кој се обврзала да молчи а се’ во замена за 375.000 американски долари.
„Кристиано му плати на лицето кое го тужеше 375.000 УСД во замена за потпишување договор за доверливост за овој случај да не стигне до медиумите“, се вели во претходно објавените судски документи.
Мајорга сега изјавила дека не била во можност правилно да расудува во моментот кога го потпишала договорот, што го прави практично неважечки – додава и дека сака да победи правдата и да излезе на виделина целиот случај.
Роналдо претходно изјави дека силувањето е „ужасно злосторство што е против сè во што тој верува“.