Една од најгледаните снимки од венчавката на целосно анонимна двојка на Интернет е венчавката на младата словачка двојка од Михаловце во 2016 година.
Видеото има неколку милиони прегледи.
Дваесетгодишниот Лукаш и една година помладата Ева венчавката ја славеле четири дена, а тоа ги чинело повеќе од 35.000 евра.
Невестата неколку пати се преслекувала во помпезни венчаници и фустани вредни неколку илјади евра, а ниту младоженецот не заостанувал со своите ексцентрични комбинации. Двајцата имале вистински златни детали на облеката.
Хит моментот на вечерта бил и кога Ева излегла на подиумот во црвен фустан и танцувала, додека гостите на неа пришивале банкноти.
Врвот на ова интересно видео следи на самиот крај, кога бил прикажан моментот во кој младенците со уживање ги бројат парите што ги добиле од гостите.