Сеќавање: две години без нашата истакната актерка Мајда Тушар

Мајда Тушар е родена во Скопје на 24 јуни 1950 година. Таа беше позната македонска театарска и филмска глумица.

Дипломира на Високата музичка школа во Скопје– Отсек за драмски глумци. Од 1972 до 2015 година работела во Драмски театар – Скопје.


Подолу е дел од нејзината богатата филмографија:

1972 Истрел ТВ-филм
1974 Како се сакаа Перфет и Леонида ТВ-филм
1975 Парадоксот на Диоген ТВ-филм
1975 Сребрено јаболко ТВ-филм
1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм
1977 Итар Пејо ТВ-серија
1979 Наши години ТВ-серија
1980 Оловна бригада ТВ-филм
1982 Јужна патека ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1983 Ликвидатор ТВ-филм
1984-1985 Случки од животот ТВ-серија
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1987 Трета доба ТВ-серија
1987 Претежно ведро ТВ-серија
1987 За трошка среќа ТВ-филм
1989-1993 Македонски народни приказни ТВ-серија
1992 Сили во воздухот ТВ-филм
1992-1993 Еурека ТВ-серија
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1997 Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм
2000 Хофманова 13 ТВ-филм
2000-2001 Погрешно време ТВ-серија
2002 Наше маало ТВ-серија
2006 Нави ТВ-филм
2011 Турни ме да Кинисам ТВ-серија
2012 Бардо ТВ-филм
2016 Исклучиво жолти лалиња ТВ-филм
2017 Вистински приказни ТВ-серија


Добитничка е на следните награди:

1978г. Глумец на годината за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“
1978г. Наградата „Војдан Чернодрински“за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“
1994г. Награда “Климент Охридски” за остварување во областа на театарот
1999г. Награда за најдобра спореднаа улога за ликовите на мајките во претставата „Роберто Зуко“
2012г. Награда за животно дело “Војдан Чернодрински”


Починала во Скопје на 14 април 2022 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …