Рекреативна велосипедска тура „Културно наследство на Скопје“

Рекреативна велосипедска тура до селата Таор и Бадар со посета на древните антички и средновековни градови Тауресиум и Бадеријана. Ќе се вози со умерено темпо ,со кратки паузи за одмор.

ЗБОРНИ МЕСТА: Универзална сала од 09.00 и на Лук Оил пред Цементарница од 09.30 часот.


Рутата е Драчево, Орешани, Таор, Фазанерија, Катланово и Бадар. Враќање преку Катланово, Петровец и Лисиче.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Технички исправен велосипед, заштитна кацига, резервна гума, велосипедска опрема…


ТЕЖИНА НА ТУРАТА: 4/10, се вози по асфалтен пат.
СЕКОЈ УЧЕСНИК ВОЗИ НА СВОЈА ОДГОВОРНОСТ И САМ Е ОДГОВОРЕН ЗА НЕСАКАНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …