„Вози Велосипед – Немаш Планети Пет“

„ВОЗИ ВЕЛОСИПЕД – НЕМАШ ПЛАНЕТИ ПЕТ“ е настан кој го иницираа членовите на клубот за Младински активизам на Центарот за истражување и анализи НОВУС и Младинскиот образовен форум (МОФ) во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.

Настанот ќе започне во 12:00 часот, а збирно место ни е паркот кај градинката „Детска Радост – Струмица“.


Ве покануваме да ни се придружите во Градскиот Парк на акција која има за цел да ја зголеми свеста за искористување на велосипедските патеки во Струмица.

Понесете го вашиот велосипед, тротинет или дојдете со ролерки и вклучете се во нашиот марш кој ќе се одвива по велосипедските патеки во Градскиот парк.


По маршот, се враќаме на почетната точка за да се освежиме и дружиме со DJ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …