Сеќавање – 5 години без нашиот актер Мите Грозданов

Мите Грозданов бил роден на 14 декември 1943 година во Струмица. Беше еден од најголемите македонски театарски, филмски и телевизиски глумци.

Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија „Златен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.


Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остваруваше со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Од декември 2008 е пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата “Стрниште затвор за жени”, во која што главната улога ја игра глумицата Николина Василевска а во неа се појавува и доајенот на македонското глумиште Соња Каранџуловска.


Добитник е на голем број на награди и признанија, меѓу кои:

-1968 година „Златен Ловорев венец“ на Фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС) за насловната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле
-Награда „Млад Борец“
-Награда на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогите Светозар во „Карамазови“ и Иљо М. во „Сенката“
-Награда за најпопуларно ТВ-лице на “Екран”
-Сребрена плакета на фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот“
-1984 година бил прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“
-Награда “Ристо Шишков”
-2010 Награда за животно дело “Војдан Чернодрински”
-2016 година добива награда за најдобра машка улога во филмот “Борба за смрт” на фестивалот за драма во Грција.


Починал во Струмица на 25 ноември 2018 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …