На денешен ден е роден актерот Петар Темелковски

Петар Темелковски е роден на 25 ноември 1946 во Богомила. Тој е македонски театарски и филмски глумец. Дипломирал на „Националната академија за театарска и филмска уметност“ во Софија и веднаш се вработил во Македонскиот народен театар „МНТ“. Во 1975 година се вработил во Драмскиот театар – Скопје како првенец на театарот и од тогаш остварува повеќе од 70 главни и централни улоги во театрите во Скопје, Софија, Куманово, Прилеп, Велес, Струмица… на филм и ТВ. Со своите театарски остварувања, Темелковски имал бројни гостувања во Австралија, Канада, САД, и Европа.

Меѓу театролозите и критичарите Темелковски е окарактеризиран како глумец со високо издиференцирана култура на говорот, односно мајстор на говорот кој умее беспрекорно да ја искаже и да ја обмисли а потоа и емоционално да ја „тонира“ секоја текстуална партитура, вклучително и најсложената. Во историјата на македонскиот театар ќе влезе како глумец кој ги има одиграно најголемите и најзначајни улоги од светската драматургија.


Покрај афинитетот кон домашната и светска драматургија, карактеристично за Темелковски е неговата силна индивидуалност и неприкосновеност во одбрана на македонскиот бит, македонскиот литературен збор, историја и сè што е врзано за Македонија. Токму неговата посветеност на темите врзани за татковината го втурнуваат во една од најтешките театарски форми, монодрамата, за да ги понуди своите ставови, преку темите што самиот ги избира.

Добитник е на голем број на награди:


-1976 – „Златна арена“ за деби на Филмскиот фестивал во Пула за улогата на Дуко во филмот „Најдолгиот пат“ од Петре М. Андреевски
-1982 – Награда „13 Ноември” на Град Скопје за остварувања во уметноста и културата.
-1987 – Стеријна награда најдобро остварување на Стеријното позорје во Нови Сад за улогата на Максим Бродски во претставата „Р“ од Јордан Плевнеш во режија на Љубиша Георгиевски.
-1988 – Златен ловоров венец на МЕС во Сараево за најдобро остварување за улогата на Макс Брод во претставата „Стапица“ од Тадеуш Рожевич.
-1990 – Награда за најдобро остварување на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински за улогата Мустакот во „Црна“ од Љубиша Георгиевски и Богомил Ѓузел.
-2000 – Награда за најдобро остварување на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински за улогата Одисеј во „Филоктет“ од Љубиша Георгиевски
-2001 – Награда за најдобро остварување на Камерниот театарски фестивал Ристо Шишков за улогата на Одисеј во „Филоктет“.
-2008 – Државна награда „23 Октомври” за долгогодишни остварувања во областа на културата.
-2010 – Државна награда „Св. Климент Охридски“, за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста.
-2011 – Државна награда „11 Октомври” за животно дело во областа на уметноста.
-2012 – Награда за животно дело „Петре Прличко“.
-2023 – Награда за животно дело “Војдан Чернодрински”.

Редакцијата на Екран му го честита роденденот на Петар Темелковски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …