СЕ ШТО Е НОРМАЛНО ВО ЈАПОНИЈА КАЈ НАС Е ЧУДНО: Вака се воспитуваат децата од кои стануваат луѓе за пример и гордост

Јапонија е земја полна со изненадувања за странците. Во неа дури и учебната година не започнува на крајот на летото, туку во април, а завршува во март
Оние среќници кои имаа можност да ја посетат Јапонија остануваат под позитивен впечаток до крајот на животот. Во Јапонија сè е поинаку отколку во светските училишта. Еве што се должни да прават и почитуваат нивните ученици.

– Децата од 1 до 6 одделение посетуваат нижо основно училиште. Составот на паралелките се менува секоја година, како и наставниците, така што учениците имаат можност да запознаат нови лица.


– Сите основци имаат слични чанти наречени „рандосеру“. Во најконзервативните училишта девојчињата носат црвени, а момчињата црни.

– Многу првцачиња носат жолти капи за да бидат забележани од далечина.


– Во некои училишта учениците се одговорни да го одржуваат училиштето чисто. По часовите, секое одделение ја чисти својата училница, а класните редари ги чистат тоалетите и дворот, пишува Bright Side.

This image has an empty alt attribute; its file name is japonija-deca-1.jpg


– Учениците се пресобуваат во бели влечки (увабаки). Дури и родителите кои го посетуваат училиштето мораат да ги соблекуваат чевлите што ги носеле на улица.

– Вишо основно училиште се запишува по 6-то одделение и трае три години. Ова е местото каде што повеќето ученици почнуваат да носат униформи.

– Во некои училишта девојчињата мора да носат кратки здолништа и доколенки, а хулахопки не се дозволени.

– Правилата за облекување и изглед се строги. Во повеќето училишта, момчињата не смеат да носат зулуфи (бакенбарди) – тие се дозволени само за наставниците.

– Во многу училишта девојчињата не смеат да се шминкаат. Во училниците има шишиња со мицеларна вода за секој што ги прекршува правилата.

– Речиси половина од училиштата бараат од девојчињата да носат вистинска црна коса, а оние кои ја немаат мораат да докажат дека не ја фарбале или виткале. Потврдата ја потпишуваат родителите.

This image has an empty alt attribute; its file name is japoniaj-deca-2.jpg

– Средното училиште трае од 10 до 12 одделение, а во десетто се преминува со полагање на приемен испит.

– Средношколците имаат задолжителни и изборни предмети. Задолжителна е едногодишната домашна економија каде младите се подготвуваат за семеен живот.

– Изборните часови вклучуваат, меѓу другото, риболов и земјоделство.

– Речиси во секое училиште, еднаш месечно директорот им се обраќа на собраните ученици.

– Освен што го проверуваат знаењето, професорите проверуваат и дали учениците внимателно водат белешки за предавањето. Од учениците се очекува да го запишат секој збор што им е диктиран.

– Една мајка напишала дека на ќерката и купила гума за бришење, но дека на девојчето и било забрането да ја користи бидејќи е бела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се празнува Преподобен Јован

Преподобен Јован Ученик на Св. Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес царот Лав Ерменин …