Се појавиле НОВИ ДЕТАЛИ – Уште едно лице го обвини „Фаца“ за сексуална злоупотреба: Не знаел за „не“!

Актерот Крис Нот, кој гледачите го паметат како Фаца од популарната серија „Сексот и градот“, е обвинет за сексуално вознемирување, а сега се појавија повеќе детали.
Се чини дека „Фаца“ не е она што го сугерира името. Две жени го обвинија за силување во 2004. и 2015. година.
Еден од нив тогаш имала 22. години, а другата 25.
Актерот ги негираше обвинувањата со оправдување дека „врската се случила со взаемна согласност“, а сега се огласила и трета жртва.
Имено, жена под псевдонимот Ава тврди дека Нот ја нападнал кога имала само 18. години.
Се’ се случило во ресторан во Њујорк во 2010. година. Ава, која работела како водителка и пејачка, го привлекла вниманието на актерот.
„По затворањето на ресторанот дојде до мене. Почна да ме притиска кон масата и да ме допира. Не ме слушаше кога му велев ‘не’. Некако го убедив дека ќе се сретнеме на друго место и така успеав да избегам дома“, признала таа.
Актерот исто така ги негирал и овие наводи, тврдејќи дека не разбира за што се работи.
„Крис воопшто не познава никого таков и како што рече, никогаш не би ја преминал границата на тој начин“, рекол неговиот портпарол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …