Руските лекари пронашле ЛЕК ЗА КОРОНА!? Одобрен антивирусниот лек „Коронавир“

Една од водечките руски фармацевтски компании го продава лекот „Коронавир“ за лекување на пациенти заболени со вирусот Ковид-19.
Коронавир е една од првите лекови во Русија и во светот кој не се бори против компликациите предизвикани од вирусот САРС-КоВ-2, туку против самиот вирус.
Русите одобрија лек за вирусот корона! Откако бројот на заразени лица ја надмина бројката од 700.000 пациенти, антивирусниот лек „Коронавир“, кој беше патентиран од големата руска фармацевтска компанија „Р-Фарм“, беше официјално одобрен.
Антивирусниот лек Коронавир ја запира инфекцијата многу побрзо како резултат на нејзината ефикасна опструкција на репликацијата на вирусот. Ова се податоци за глобалната клиничка пракса и клиничка студија спроведена од фармацевтската компанија „Р-Фарм“ со цел патентирање на лек против коронавирус.
Во официјалното соопштение на компанијата се вели дека студијата вклучувала благи до умерени случаи и покажува дека лекот е исклучително ефикасен во инхибицијата на репликацијата на новиот коронавирус.


„’Коронавир’ е еден од првите лекови во Русија и во светот што не се бори против компликации предизвикани од вирусот САРС-КоВ-2, туку против самиот вирус “, наведуваатод „Р-Фарм“.
Клиничка студија покажала подобрување кај 55. проценти од пациентите кои не биле примени во болница по седмиот ден од третманот со „Коронавир“, во споредба со 20. проценти од оние кои примале стандардна терапија.
До петтиот ден од лекувањето, новиот коронавирус бил елиминиран кај 77,5 проценти од пациентите кои земале „Коронавир“.
Третиот лек во Русија
Ова е трет лек регистриран во Русија за лекување на новиот коронавирус. Првиот, „Авифавир“, се дава на пациентите од почетокот на мај, поточно од 11. мај 2020. година.


Извор: novosti.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …