Фејсбук забранил негирање на холокаустот

Фејсбук на своите страници го забрани негирањето на холокаустот, нагласувајќи дека е загрижен за растот на антисемитизмот во светот.
„Ако луѓето го пребаруваат холокаустот на Фејсбук, ќе започнеме да ги насочуваме кон веродостојни извори за да добијат точни информации“, рече шефот на Фејсбук, Марк Зукеберг, во понеделникот.
Тој истакна дека често се двоуми помеѓу заштитата на слободата на говорот и ограничувањето на говорот на омраза.
„Да се ​​повлече граница помеѓу она што е и она што не е прифатливо, не е лесно, но со моменталната состојба во светот, мислам дека ова е вистинскиот баланс“, рекол тој.


Фејсбук минатата недела објави дека ќе отстрани каква било содржина што отворено го поддржува Qanon, теорија на заговор популарна од десницата, која тврди дека со светот управуваат сатанистички педофили.
Фејсбук исто така ги ограничи намерните дезинформации за коронавирусот, како и содржината насочена кон намалување на излезноста на гласачите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …