РОДИТЕЛИ,ВНИМАВАЈТЕ: Тинејџери „полудеа“ по опасниот ТикТок предизвик кој може да биде кобен

МИЛИОНИ луѓе се „заразиле“ со бројни предизвици за танцување и фитнес, чија популарност најмногу се должи на се’ попопуларниот „ТикТок“. Но, тука е и предизвикот „Бенадрил“, за кој лекарите велат дека е опасен – и потенцијално фатален.
Имено, овој нов тренд ги охрабрува луѓето да консумираат големи количини „Бенадрил“, антихистамин кој главно се користи за лекување на алергии, сè додека не започнат со халуцинирање, објавил Newsweek. Предизвикот обично вклучува земање најмалку десет таблети.
„Дозата што може да предизвика халуцинации е многу близу до дозата што може да предизвика нешто потенцијално опасно по живот“, изјавил за ABC 10, Скот Шефер, директор на Центарот за отрови и информации за лекови во Оклахома, додавајќи: „Големите дози на ‘Бенадрил4 можат да предизвикаат напади и, особено, проблеми со срцето “.
Исто така, 15-годишно девојче од Оклахома починало минатата недела откако наводно го прифатило предизвикот. Во мај, тројца тинејџери биле третирани во Медицинскиот центар за деца „Кук“ во Форт Ворт, Тексас, откако се придружиле на истиот предизвик, објави ABC 10. Покрај тоа, еден тинејџер испил 14 апчиња за само една ноќ.
Амбер Jeвисон, медицинска сестра во Детскиот медицински центар „Кук“, за ABC 10 изјавила дека овие неодамнешни случаи се различни од претходните предозирање со „Бенадрил“.
“Видовме деца како се предозираат во обиди за самоубиство”, рекла Jевисон, “Но, ова беше поинаку. Тие деца не се обидуваа да се повредат. Тие гледаа видео што им кажува точно колку милиграми треба да земат за да доживеат одредено чувство”.
Jeвисон верува дека новата пандемија на коронавируси предизвикала чувство на досада и ги принудила тинејџерите да бараат возбуда откако биле „заглавени“ дома, пишува Men’s Health.
“На многу деца сега им е здодевно поради пандемијата. Затоа мислам дека им ја проширува љубопитноста”, рекла Jeвисон, нагласувајќи: “Само бидете исклучително свесни за тоа што прават вашите деца”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …