Повеќето фамилии секојдневно се соочуваат со предизвикот за тоа што ќе се подготвува дента за ручек. Многу често се случува да потрошиме повеќе време за размислување, дискутирање, планирање отколку што ни е реално потребно за готвење на самиот оброк.
Токму затоа, нашата редакција, заедно со компанијата Макпрогрес и нејзиниот бренд Сончева Долина, се реши да ви предложи 3 идеи за оброк кои се исклучутелно здрави, а во исто време ќе ви одземат многу малку време за приготвување.
1. Компир салата со црвена леќа
Покрај одличниот вкус, црвената леќа е карактеристична по тоа што содржи многу хранливи енергетски и нутритивни вредности, големо количество на калциум, железо и фосфор, како и витамини: Б1, Б2 и Б3. Додека пак компирот изобилува со калиум, витамин Ц и витамин Б6, сите придонесуваат за подобро работење на срцето.
Потребни состојки: 800 г компир, 150 г црвена леќа (Сончева Долина) , 3 чешниња лук , 1 лажица ким, 3 лажици лимонов сок (Сончева Долина), 3 лажици масло за јадење, 1 јаболко, Магданос (Сончева Долина), Сол (Сончева Долина), Црн Пипер.
Се приготвува на следниот начин: најпрво леќата се мие и се става половина час да се вари во тенџере. Компирите се варат со лушпа. Се сечка лукот и се пропржува на загреано масло. Кога компирите ќе бидат сварени, се лупат и се сечкаат на поситни парчиња. Потоа ја цедите леќата со помош на цедилка. Во сад за салата се става исечканиот компир, се додаваат леќата и лукот. Се зачинува со лимонов сок, сол, црн пипер, магдонос по ваша мерка и на крај го додавате излупеното и на коцки исечкано јаболко заедно со една лажица ким.
2. Тава ориз со пилешко
Многу добро е познато дека оризот е одличен извор на витамини и минерали како: нијацин, витамин Д, калциум, растителни влакна, железо, тиамин и рибофлавин. Во комбинација со вкусно пилешко месо богато со протени и јаглени хидрати е одличен избор за здрав оброк.
Потребни состојки: 1 пиле исечкано на парчиња, 3 шолји ориз (Андреа Сончева Долина), 1 главица кроми,1 пиперка, 1 морков, 100 мл масло за јадење, зачин (Долинка Сончева Долина, по вкус), сол (Сончева Долина) ,црн пипер, сушен магдонос (Сончева Долина).
Се приготува на следниот начин: пилето се вари со сол и зачини. Откако ќе се свари се трга од огнот. На загреано масло во тава се запржуваат ситно сечканиот кромид, пиперката и морковот, се додава оризот и се налева вода од свареното пиле. На една шолја ориз се ставаат 3 шолји вода. Се става во загреана рерна и се чека додека водата да изврие до половина. Потоа се става месото врз оризот и се враќа во рерната додека да изврие целата вода. На крај, одозгора се става магдонос и црн пипер.
3. Салата од грав и маслинки
Гравчето е секогаш добра идеа за оброк, посебно на крајот од работната недела. Препорачуаваме да го пробате во комбинација со маслиники бидејки тие му даваат посебен шмек! Истражувањата покажуваат дека гравот има доста корисни придобивки. Тој помага при намалувањето на шеќерот во крвта, освен тоа тој константно го намалува крвниот притисок, а со тоа ги одржува крвните садови и здравјето на срцето. Маслинките пак се многу богати со витамин Е и други моќни антиоксиданти. Како и гравот и тие се исто така добри за срцето, но во исто делуваат превентивно од остеопороза и карциноми.
Потребни состојки: 500г грав (Сончева Долина), 100г зелени маслинки, 1 главица кромид, 1 чешне лук, 1 лажица шеќер, 3 лажици балсамиран оцет, сол (Сончева Долина) , црн пипер и магдонос.
Се приготува на следниот начин: кромидот и лукот се сечкаат на мали парчиња и се пржат во загреано масло. Маслинките, без семки, се сечат на крукчиња и се додаваат кај гравот кој претходно е сварен. Се додаваат испржените кромид и лук. На крај се додаваат шеќерот, солта, оцетот, магдоносот и црниот пипер и сè се меша убаво.