Петтото јубилејно издание на „Мала Италија патува” ги разнежни срцата на скопјани

Музичкиот настан „Мала Италија патува” кој вчера, по петти пат, се одржа под отворено небо на платото „Мајка Тереза“, донесе несекојдневно доживување во кое скопската публика можеше да ужива во извонредните изведби на единствениот Павле Камилоски.


Преубавиот баритон на Камилоски и звукот на италијанските, француските и џез евергрин песни создаде неверојатна атмосфера. Публиката, која ја имаше навистина во голем број, ненаситно уживаше во изведбите на младиот пејач, кој со огромна љубов и страст целосно се препушти на музиката и стиховите, пренесувајќи ги, со многу емоции, безвременските светски хитови.


Уникатниот настан, кој веќе прераснува во традиција, станува сé попривлечен за публиката што покажува дека специфичниот вид музика која ја изведува и негува Павле Камилоски има многу љубители.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Две години без нашата уметница Андријана Мациев

Андријана Мациев е родена на 16 септември 1980 година во Скопје. Средно образование завршила во …