(Рецепт) Заборавете на БОТОКС! Ова е идеална маска за ПРИРОДНО ЗАТЕГНУВАЊЕ НА ЛИЦЕТО!

Оваа природна маска се состои од само две состојки, ќе ја нахрани кожата и ќе го затегне лицето.
Природна маска за лице е најдобриот избор за брзо разубавување кога немате доволно време за козметички третмани или доволно пари за ботокс или хијалуронска киселина.
Подготовката на оваа совршена маска е исклучително едноставна, а маската содржи само две состојки, лимон и јогурт. Потребна е една лажица сок од лимон и две лажици јогурт, по што овие состојки се мешаат заедно во сад.
Нанесете ја маската на претходно исчистеното лице и оставете ја да се исуши на лицето. За време на сушењето, ќе почувствувате како кожата на лицето малку се стега.
По околу дваесет минути до половина час, исплакнете ја маската прво со топла, а потоа измијте го лицето со ладна вода. Исушете го лицето со лесен пешкир и нанесете хидратантна крема што обично ја користите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …