(Рецепт) НАПРАВЕТЕ САМИ – Ако не сакате брчки и темни кругови под очите не одете на спиење без овие маски: Преку ноќ на кожата и ја враќа еластичноста!

Хидратацијата на пределот околу очите е многу важна ако не сакате, пред време, да видите брчки на тоа подрачје…
Стареењето на кожата и брчките е неминовно во еден момент, но за да се продолжи периодот без нив, кожата мора да биде доволно хидрирана и негувана.
Маските што можете сами да ги направите се одличен додаток за негата, покрај кремите.
Како прво, затоа што тие се целосно природни и не можат да ви наштетат, а покрај тоа, вие самите ги правите, така што точно знаете кои состојки ги користите.
Со овие маски ќе ја вратите еластичноста на кожата околу очќте и темните кругови ќе бидат минато.


Масло од бадем и мед
Покрај навлажнувачката, оваа маска ќе помогне да се отстранат и темните кругови и да се „испеглаат“ малите брчки. За најдобри резултати, користете ја два пати неделно.
Измешајте една лажица масло и една лажица мед.
Нанесете на пределот под очите и оставете неколку минути, а потоа исплакнете.



Маска од кафе
Оваа маска е омилена кај многу жени. Ја намалува натеченоста околу очите.
Потребна ви е лажичка кафе и лажичка мед за да ја подготвите.
Измешајте и нанесете, па оставете да делува околу 10. минути. После тоа, исплакнете и можете да го ставите кремот што го користите за пределот околу очите.
Најдобро е овие маски да ги нанесете пред спиење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …