(ФОТО) ГОЛЕМО СРЦЕ: Тажната приказна заврши убаво поради срцето на луѓето во Велес кои самоорганизирани тргнаа во потрага по исчезнатата девојка…

Александра Скорниева исчезна вчера, кога во 8:15 минути го напуштила својот дом, а за нејзиното исчезнување алармираше нејзината сестра преку фејсбук…
Граѓани кои самоиницијативно организирале групи за потрага на исчезнатата 29-годишна Александра Скорниева ја пронашле утрово во провалија под мостот на браната на велешкото езеро Младост. Прва ја забележала велешанка која била дел од потрагата, која за Батали.нет раскажа како ја пронашла младата Александра, но сакала да остане анонимна.


„Околу 9:30 утрово стигнавме со џип пред мостот на езерото и јас излегов од возилото. Тргнав да се движам по мостот пеш и од провалијата слушнав тивки повици за помош. Се наведнав, но од бујното зеленило, не можев да забележам од каде доаѓаат повиците. Викнав, а девојчето рече дека ќе ги заниша гранките за да можам да забележам каде е. Беше во седечка положба. Ја прашав дали се вика Александра и таа ми потврди. Ми рече дека не ги чувствувала нозете и разете, но не знае дали и е тоа од повреда или од студот, бидејќи ноќта била ладна. Потоа се јавивме во полиција, а до моментот додека полицијата пристигна, во оние 15 до 20 минути, цело време разговаравме со девојката. Кога полицијата стигна, почна акцијата за нејзино извлекување од провалијата. Така, на олеснување на сите нас, заврши овој настан“, раскажува велешанката која прва ја забележала Александра Скориева.
Со возило на брзата помош, младата девојка е однесена во велешката болница. Таа е свесна и контактибилна, но констатирани и се скршеници.


Александра Скорниева исчезна вчера, кога во 8:15 минути го напуштила својот дом, а за нејзиното исчезнување алармираше нејзината сестра преку фејсбук.
Полицијата ја истражува причината како Александра се нашла во провалијата.
Полицијата утрово ја пронајде жива и здрава 29-годишната Александра Скорниева, која вчера утро околу 8:15 минути излегла од својот дом и 24 часа од неа немаше ни трага ни глас.
Од СВР Велес ја потврдија информацијата дека Скорниева утрово е пронајдена кај мостот на браната на езерото Младост. Таа е во добра здравствена состојба и е контактибилна, со мала повреда на телото.
Нејзиното семејство синоќа побара помош од граѓаните, бидејќи Александра не си дошла дома цел ден. Утрово потрагата заврши успешно.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …