(Рецепт) Најубави чоколадни браунси: Размазете се со овој волшебен крем десерт!

Израдувајте се себе и домашните со едноставно а вкусно слатко…
Состојки:
170 г путер
300 г чоколадо (со најмалку 50% какао)
3 големи јајца
200 г шеќер
80 г брашно
1/4 лажичка сол


Подготовка:правоаголна тава (25 х 25 см) обложете со хартија за печење, а рерната загрејте ја на 180 степени.
Путерот и 270 гр. чоколадо истопете на пареа. Оставете на страна 5. минути смесата малку да се излади.
За тоа време изматете ги јајцата со шеќерот во воздушеста смеса. Со шпатула вмешајте ја смесата од путер и чоколадо. На крај вмешајте го исеаното брашно со сол.
Состојките соединете ги, додајте ги останатите 30. г чоколадо (ситно исчкани) и смесата истурете ја во подготвената тава. Печете 35 до 40 минути.
Колачот оставете потполно да се излади па исечете на парчиња.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Преподобен Киријак Отшелник

Преподобен Киријак Отшелник Роден е во Коринт од родителите Јован и Евдокија. Татко му беше …