(ВИДЕО) КРАЛИЦАТА ЌЕ ИМ ГИ ОДЗЕМЕ СИТЕ ТИТУЛИ НА ХАРИ И МЕГАН: Брачниот пар сака да избега – еве каде ќе живеат!

Кралицата Елизабета Втора планира на Хари и неговата сопруга Меган да им ги земе титулите на војвода, шпекулираат британските медиуми по кризната средба на кралското семејство во Сандрингам.
Доказ за тоа, велат тие, е дека во официјална изјава таа им се обратила само со Хари и Меган и не ги потенцирала нивните официјални титули – војводата и војвотката од Сасекс, како и секогаш до тогаш.

Дијалог
Медиумите на островот објавија дека кралицата „длабоко жали“ за одлуката на нејзиниот внук да се еманципира и да го напушти кралското семејство, но сепак избрала да го поддржи.
„Имавме многу конструктивен дијалог“, рекла Елизабета по средбата.



Во изјавата после состанокот кралицата на арот му се обратила со Хари и Меган, што, според познавачите,значи дека тие двајца после транзициониот период че останат без титулите војдвода и војвотка. Ова не треба да претставува проблем за црвенокосиот принц, бидејќи тој самиот инсистираше на тоа дека неговиот син Арчи нема да му ја добие титулата принц по раѓањето.
Иако во изјавата се вели дека Хари и Меган ќе живеат малку во Велика Британија, а малку во Канада после Мегзит, нивните пријатели велат дека ќе се преселат во Лос Ангелес.

„Го откачиле“ Трамп
Пријателите на војводата и војвотката од Сасекс изјавуваат дека токму Меган инсистирала да се преселат во Лос Ангелес, градот каде што пораснала и каде што живее нејзината мајка.
Меган е решена да се врати на својата работа – глума, а Лос Анџгелес е главен град на светската филмска индустрија. Сепак, што се однесува до политичките погледи, таа е заколната демократка и отворено го критикуваше Доналд Трамп за време на изборната кампања.
Покрај тоа, принцот Хари и Меган намерно ја пропуштиле посетата на Трамп на Велика Британија и приемот во Бакингемската палата минатата година.


“Нема брзање, преселбата во Лос Анџгелес е дел од долгорочниот план на Хари и Меган. Нивниот втор дом во моментов е Канада. Кога се најавуваа плановите да го напуштат кралското семејство, Северна Америка била намерно наведена бидејќи Лос Ангелес е нивна крајна дестинација”, изјавил извор близок до парот кој сакал да остане анонимен.


Канаѓаните се бунат, не сакаат да ги плаќаат чуварите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо изјавил дека останувале многу нешта да се уогласат околу намерата на принцот Хари и Меган Маркл да живеат во Канада шест месеци годишно. „Имаме околу многу нешта да се согласиме“, рекол Трудо, одбивајќи да потврди дека канадската влада е подготвена да ги плати безбедносните трошоци на славната двојка, проценети на 500.000 фунти. Веќе е покрената голема кампања на социјалните мрежи затоа што граѓаните во Канада не сакаат нивните даночни пари да бидат потрошени за грижа на британскиот принц и неговото семејство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …