(Рецепт) Леден чоколаден колач

Состојки:
250 гр бисквити
150 гр млечно чоколадо
150 гр темно чоколадо
100 гр несолен путер
150 гр мед
100 гр сушени кајсии, сечкани
75 гр суво грозје
60 гр исецкани ореви или ф’стаци
Подготовка:
1. Долг и тесен калап за печење прекријте со хартија за печење.
2. Изронете ги бисквитите со помош на сукало (претходно вметнете го бисквитот во пластичната кеса за да не лета насекаде).
3. Чоколадото (млечно), путерот и медот стопете ги над пареа. Повремено мешајте.
4. Извадете ја тавата од топлината и смесата истурете ја во бисквитите, кајсиите, суворо грозје и ф’стаците (по желба).Убаво измешајте.
5. Пренесете ја смесата во садот за печење и израмнете го врвот.
6. Оставете да се излади, а потоа префрлете на рамна чинија. Истопете го темното чоколадо и полијте по врвот и страмте, вратете во замрзнувач на 1-2 часа.
7. Пред сервирање, колачот префрлете го во обичниот дел од фрижидерот, малку да омекне.Украсете по желба и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …