(Рецепт) Леб без брашно


Потребно е:
145 г. овесни снегулки
135 г. семки од сончоглед
90 г. семки од лен
65 г. семки од тиква
1 лажица лушпи од псилум
1 лажичка сол
1 лажиц јаворов сируп или мед
3 лажици кокосово масло
400 мл. топла вода
Подготовка:сувите состојки ставете ги во еден сад и измешајте. Истопете го кокосовото масло во топлата вода, додајте го јаворовиот сируп и се’ измешајте. Потоа поврзете со сувите состојки. Смесата истурете ја во калап (силиконски) и оставете до наредниот ден. Ако немате силиконски калап смесата наредниот ден ставете ја во соодветен калап, покриен со хартија за печење
Потоа ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 20. минути. Извадете од калапот, префрлете на рамна тава, покриена со хартија и печете уште 45. минути.
Ако лебот го ставите во сад кој херметички се затвора може да трае и’ до пет дена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со концертот на Kadonnut Manner започнува концертниот серијал „Нова пролет“ во организација на Канал 103

Нова пролет за Стотројка. Концерт на Kadonnut Manner и почеток на роденденските музички свечености на …