(Рецепт) Грчка мусака: Лесен летен ручек со модри патлиџани и тиквички – сочен и вкусен!

Традиционалното грчко јадење ќе ве плени со совршена комбинација на вкус и сочност!
Потребни состојки:
4 компири
4 модри патлиџани
2 тиквички
3 домати
2 главички кромид
1 чен лук
5 пиперки
со, црн пипер
маслиново масло – за подмачкување
500 мл млеко
4 лажици брашно
Подготовка:
Измијте и исчистете го целиот зеленчук. Излупете модар патлиџан, исечете го на парчиња и додадете сол. Исечете ги компирите на кругови и наредете ги на дното на садот за печење подмачкан со маслиново масло.Зачинете со сол и црн пипер, по вкус. Во посебен сад ситно исечкајте ги доматите и измешајте ги со испечените и исечкани пиперки. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Смесата од домати се истура на модриот патлиџан. Сечканиот кромид и лук динстајте ги на масло, зачинете со сол по вкус и додадете во сецканите тиквички. Тоа е претпоследниот слој на мусаката, а на крајот треба да се заврши со слој модар патлиџан.
Завиткајте ја тавата со фолија и печете на 250 степени.
Додека мусаката се пече, можете да го подготвите ососот.
Свежо млеко измешајте го со брашно додека не се добие хомогена смеса и зачинете со една лажичка сол.
Откако ќе се испече мусака, истурете ја оваа смеса над неа и печете уште 15-20 минути.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Филип

Светиот апостол Филип Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија …