Освен што делуваат антивоспалително, куркумата и пиперот во комбинација ги активираат хормоните на среќа.
Ако кон тоа додадете сок од лимон и витаминот Ц кој го содржи ќе добиете инекција за будење на организмот и помош во борба против анксиозност и стрес.
Чиа семките даваат енергија и делуваат благотворно на целиот организам а циметот ја подобрува активноста на мозокот.
Состојки за утрински коктел:
1/2 лажичка куркума
1/2 лажичка цимет
малку црн пипер
1 лажичка чиа семки
1 лимон
По желба: мед, ливчиња нане
Подготовка: во филџан истурете малку врела вода, додајте ги семките и оставете ги неколку минути да набабрат. Додајте ги зачините и измешајте да нема грутки. Додајте го исцедениот сок до лимон и додајте вода. По желба додајте мед и ливчиња нане.
(Рецепт) Здрав коктел за добар почеток на денот!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
ekran платформа за слободоумни