(Рецепт) Готови за 20 минути: Пица мафините се идеално послужување за секоја пригода

Тие се толку лесни за подготовка што дури и почетниците можат да ги направат без проблем.
Состојки:
2 јајца
1 чаша јогурт
половина чаша масло
една лажичка прашок за пециво
2 чаши брашно
100 гр сечкана шунка
100 гр сечкано жолто сирење
2 лажици кечап
1 лажичка оригано
1 лажичка сол
Подготовка:
Вклучете ја рерната на 200С. Во сад се матат јајцата, јогуртот, маслото, па се додаваат брашното, прашокот за пециво, солта, ориганото. Потоа соединете со сечканата шунка и сирење. Сè убаво измешајте, ставете во калапи за мафини и одозгора ставете малку кечап.
Намалете ја температурата на 180 степени и печете околу 20 минути.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …