(ФОТО) Изгледа двојно помладо, наликува на Лара Крофт: Манекенката (40) ја открила тајната на својот младешки изглед

Се вели дека таа ги привлекува мажите како магнет, а нејзината тајна за младешкиот изглед изгледа едноставна.
Англискиот модел Луси Кларксон стекна слава кога стана официјален модел на Лара Крофт од играта Tomb Raider во 2000 година. Ова значеше патување низ светот со тим од дизајнери, шминкери, стилисти и фотографи, каде што таа ја претставуваше и промовираше оваа игра.

Со манекенство се занимава од својата 17-та година, а има соработувано со многу брендови како Шанел, Дизел, Ле Сенза, а се појавува и на насловните страници на реномирани модни списанија.



За неа многумина тврдат дека изгледа како на почетокот на кариерата, а порталот Daily Star ја објави тајната на нејзиниот младешки изглед – имено, тоа е ритуал: „Го потопувам лицето во чинија со ладна вода и мраз и го држам така онолку долго колку што можам да издржам“, рекла таа. Додала дека овој ритуал ги намалува отокот и нателеноста и му дава природен сјај на лицето.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Низ нишките на времето“ – Изложба и уметничка средба

Вечерва во Францускиот институт во Скопје, со почеток во 18:00 часот, ќе имате можност да …