(Рецепт) Домашни, непечени, слатки штангли: Нестварно лесно, здраво и вкусно – и децата ќе ги обожуваат!

Домашните штангли од јатки и брусница се неверојатно лесни, тие се многу здрави, неодоливо вкусни, и ќе бидат совршената закуска, како за вас, така и за вашите малечки.
Потребни состојки:
· 100 гр семки од сончоглед
· 100 гр семки од тиква
· 50 грама сушени брусници
· 50 гр сечкани лешници
· 50 гр бадеми
· шоља овесни снегулки
· 2 лажици лисја кокосово брашно
· 50 гр путер
· 2-3 лажици растопено кокосово масло
Подготовка:
Најпрво измешајте ги сите суви состојки, а потоа истопете ги маслото и путерот во тавче. Комбинирајте ги сувите состојки и стопениот путер и масло и добро измешајте. Ако е премногу мрсна од путерот и кокосовото масло, додадете уште малку овесни снегулки. Ако смесата се чини премногу сува, додадете повеќе путер или кокосово масло, според ваша проценка. Подготвената смеса ставете ја во садот за печење покриен со хартија за печење и рамномерно распоредете ја и притиснете. Оставете ја смесата подготвена на овој начин во фрижидер да се зацврсти и кога е подготвена – исечете ја на штангли и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …