(Рецепт) Чоколадни браунси по рецепт на Џејми Оливер: Посовршени, помеки и посочни не сте пробале!

Овој мек колач според рецептот на познатиот готвач ќе го воодушеви вашето непце…
Состојки:
200 грама квалитетно темно чоколадо (70 проценти)
250 грама путер
75 грама суви цреши или друго овошје
50 грама сецкани ореви по желба
80 гр какао во прав
65 грама брашно
1 лажичка прашок за пециво
360 гр шеќер
4 големи јајца
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и обложете квадратен плех за печење со масна хартија.
Изрендајте го чоколадото во голем сад, додадете го путерот и ставете го на тенџере со врела вода, мешајќи додека не се стопи.
Потоа додадете суви цреши или други плодови по ваш избор, и сецкани ореви по желба.
Во посебен сад просејте ги какаото во прав и брашното, додадете прашок за пециво и шеќер, измешајте.
Сувите состојки додајте ги во во смесата од чоколадо, цреши и ореви и добро измешајте.
Изматете ги јајцата, и додајте ги во смесата со чоколадо.
Истурете ја смесата во калапот за печење и печете околу 25 минути.
Почекајте да се олади, а потоа префрлете сè на голема табла за сечење и исечете на големи парчиња.
Послужете со рендано чоколадо или свежо овошје или сладолед.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …