Есента е обележана со јатки, кои токму зреат за ова време. Истото е и со лешниците, овошје кое му дава огромна енергија на телото, ја подобрува концентрацијата и има позитивен ефект врз целиот нервен систем.
Изобилството на масло од лешник има позитивен ефект врз здравјето на срцето и крвните садови, а исто така е добро за нега на коса и кожа.
Според многу нутриционисти, пожелно е умерено внесување лешници, до 30 грама дневно.
Покрај плодот, кој има многу придобивки, здрава е и кората во која се наоѓаат лешниците. Се користи за правење чај, кој помага при многу заболувања.
Чајот од кора од лешник има истакнато место во народната медицина, бидејќи се користи за правење преливи за отворени рани предизвикани од проширени вени, и покрај тоа, овој чај е добар во третманот на хемороиди и инфекции на уринарниот тракт.
Рецепт:во литар вода се вари еден грст лушпи и се вари додека водата не добие кафеава боја. Потоа се прецедува и пие во текот на денот.