(РЕЦЕПТ) Ако се мачите со РЧЕЊЕТО, направете чај од овие билки

Лековитите билки можат да го решат и овој проблем.
Ако имате проблеми со рчењето, обидете се да го решите природно со помош на три билки, чија комбинација е многу здрава и моќна.
Ќе ви требаат:
– камилица 20 грама
– жалфија 20 грама
– ајдучка трева 20 грама
Подготовка: полијте една лажица од смесата со 1/4 литар врела вода, покријте и оставете да отстои 30 минути.


Употреба:
Исцедете го чајот и исплакнете го грлото со гаргара пред спиење, со последната голтка што треба да се испие.
Овој чај може да се користи и во текот на денот за тешко воспаление на грлото, крајниците или мекото непце.
Ако имате воспаление на носната слузница и отежнато дишење, може да ставите 2-3 капки од овој чај во секоја ноздра 3. пати дневно и навечер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …