Путин наредил масовно вакцинирање против корона во Русија – Почнуваат идната недела

ВЛАДИМИР ПУТИН наредил масовна вакцинација против коруна во Русија, пренесува РТ.
Тие додаваат дека ќе започнат до крајот на следната недела.
Здравствените работници и наставниците се први во редот за вакцинација против коронавирус. Тие ќе бидат вакцинирани со својата домашна вакцина Sputnjik V.
Руската фармацевтска индустрија е подготвена за големи вакцинации бидејќи количината на дози на веќе произведени вакцини ќе достигне два милиони во наредните денови, рекол Путин во средата.
„Да се договориме веднаш, идната недела нема да ми поднесете извештај, туку ќе започнете со вакцинирање. Одиме да работиме”, и рекол Путин на вицепремиерката Татјана Голикова.
Министерот за здравство Михаил Мураско објавил дека повеќе од 100.000 луѓе се веќе вакцинирани.
Инфекцијата забавила по својот врв на 27. ноември и во средата биле регистрирани 25.345 нови случаи.
Во вториот бран, Русија не воведе најстроги мерки на национално ниво, туку тоа им ги препушти на регионалните власти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …