Публицис Скопје – прва македонска агенција со освоена главна награда на фестивалот “SoMo Borac”

Публицис Скопје е добитник на 3 награди на“SoMo Borac”реномираниот регионален фестивал за дигитални кампањи.Кампањатаза Кока Кола Discovered by Cokeкоја беше реализирана во Србија, е победник во категоријата “SoMo App”, абеше награденаи во уште две други категории – Digital Mix и SoМo Tech.


Discovered by Cokeapp е првата Кока Кола мобилна апликацијаво Србија која вклучуваAugmented Reality (AR experience). Кока Кола лименките специјално дизајнирани за оваа кампања, со AR видеа од4 музички ѕвезди – ментори, ги поврзуваа младите таленти со менторитеи беа можност за пријавување на учество во првото целосно дигитално музичко талент шоу.


Наградената мобилна апликација беше продуцирана во соработка со компанијата Ворхол од Скопје.

“SoMo Borac” ги оценува регионалните дигитални проекти според нивната оригиналност и креативност, според квалитетот на имплементацијата, како и според крајните резултати. Во жири комисијата членуваат дигитални експерти од најголемите дигитални агенции од Хрватска, Србија, Македонија, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 21.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Денеска Овенот главно ќе се занимава со документација со акцент на довршување на …