Прошетала низ градот облечена во стилот на 50-тите и ги снимила реакциите на минувачите. Видеото е хит

Тиктокерка од Украина, Лира Карина, на таа социјална платформа споделила видео во кое покажала како се облекувале во стилот на 50-тите и во тоа издание шетала низ градот и ги снимила реакциите на луѓето на нејзиниот изглед. Видеото за само два дена го погледнале речиси седум милиони луѓе.

@lira_karina Let’s bring such style back?😭 dress @PETCHPLOYBRAND #1950s #1950saesthetic #1950sfashion #vintagebloqger #ellegantstyle #1950hairstyle #femininestyle #femininestylescouture ♬ original sound – Каріна Лірчук


Во виралното видео можете да видите како инфлуенсерката облечена во бел фустан со волан, во штикли, јакна и со капа на главата, шета по улиците, а минувачите масовно се вртат кон неа штом таа ги поминува. Една девојка дури и’ го извадила мобилниот телефон за да ја сними.
„Првиот тип ќе мора да има подготвено објаснување“, „Сите се вртат кон класичниот стил“, „Старите паметат подобри времиња“, „Жени, треба повторно да почнеме да се облекуваме вака“, „Овој стил е прекрасен“, се само дел од коментарите под објавата која собра повеќе од милион лајкови.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …