(ФОТО) Пени од The ​​Big Bang Theory добила ќерка, а се откри и прекрасното име на девојчето

АКТЕРКАТА Кејли Куоко, позната како Пени од The ​​Big Bang Theory, стана мајка.
Таа и сопругот Том Пелфри на светот му го претставија своето девојче. „Ви ја претставуваме Матилда Кармин Ричи Пелфри, новата светлина на нашите животи. Пресреќни сме и благодарни за ова мало чудо“, напиша Кејли на својот профил.

View this post on Instagram

A post shared by Kaley Cuoco (@kaleycuoco)


Кејли и Том се запознале на премиерата на Ozark минатиот април. Актерката во едно подоцнежно интервју открила дека тоа е „љубов на прв поглед“. Тие ја потврдија врската во јавноста еден месец подоцна, а во октомври се дозна дека очекуваат принова.
Актерката во едно интервју во 2016 година откри дека се надевала дека дотогаш ќе има деца. „Вие го замислувате животот на еден начин, а испаѓа на друг начин“, рекла таа тогаш.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …