Прогноза за првиот ден во февруари!

Ако последните денови од јануари беа се’ само не зимски, за жал слична ќе биде состојбата и со првите неколку дена од февруари. Заладувањето кое го очекувавме, барем според прогнозите од почетокот на неделава, останува северно од нас, а и врнежите „ќе задоцнат“, па со тоа ќе ги очекуваме за време на викендот.
Во првиот февруарски ден се очекува утро со локална ниска облачност низ котлините.
Утрото повторно ќе биде релативно студено, но потопло во однос на претходните . Минималната температура главно ќе има вредност помеѓу -4°С и -1°С низ котлините, а на повисоките места околу -5°С.
Во текот на денот се очекува умерена облачност со сончеви периоди, дедека навечер наоблачувањето е биде позабележително, со тоа што во западниот регион веќе ќе биде потполно облачно.
И со очекуваниот пад на температурата во однос на претходните денови, за февруарски стандарди сепак ќе биде топло. Максималната вредност на температрата ќе биде помеѓу 8°С и 10°С во котлините од северниот и западниот регион. Најтопло ќе биде во југоисточниот крај, со максимална температура околу 14°С.
Скопската котлина очекува умерено облачно време. Наутро ќе има услови за краткотрајна слаба магла. Температурата ќе има минимална вредност околу -2°С, а максимална вредност околу 10°С, најавуваат од meteopro.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …