(ФОТО) За децата не бираат „кралски“ туку ефтин шведски мебел

Кејт во април би требало да го роди третото дете и уште не се знае кој пол е. Обожавателите на кралското семејство нагаѓале дека станува збор за момче бидејќи војвотката за време на објавата за бременоста носела сина облека…
Кејт Мидлтон (35) и принцот Вилијам (36) моментално се наоѓаат во посета на Шведска. Кралскиот пар во таа пригода го посетил и АркДес, Шведскиот национален центар за архитектура и дизајн, каде се сретнале со претствниците на водечките светски произведувачи на мебел, вклучувајќи ги и оние од најпопуларниот бренд, „Икеа“, чиј ланец продавници е присутен во целиот свет.


Во разговор со шефот на компанијата, Маркус Енгман, откриле дека собите на нивните деца, принцот Џорџ (4) и принцезата Шарлот (2) се опремени токму со нивниот „поволен“ мебел.

„Рекоа дека во собите на нивните деца се наоѓа мебел од нашиот бренд. Многу сум горд што произведуваме мебел кој им одговара на сите“ рекол Енгман.
Инаку, деталите за нивното патување можат да се видат и на службените страници на Кенсингтонската палата на социјалните мрежи.
Инаку,Кејт во април би требало да го роди третото дете и уште не се знае кој пол е. Обожавателите на кралското семејство нагаѓале дека станува збор за момче бидејќи војвотката за време на објавата за бременоста носела сина облека.
Мидлтон рекла дека би сакала своето трето дете да го роди дома, во палатата Кенсингтон или во летната куќа Анмер Хол каде живее со сопругот.
„Со Вилијам разговараше за тоа и тој ја поддржува во тоа. И двајцата сметаат дека би било убаво за семејството да се има породување дома, особено за децата Џорџ и Шарлот“ раскажал пријател на парот. Покрај тоа, веруваат дека така ќе ја одбегнат навалицата пред болницата што било случај после породувањето со синот и ќерката. Имено, тогаш стотици фанови ја окружило болницата исчекувајќи го нивното излегување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …