Продолжува снимањето на серијата „Куќа од карти“, екипата се проширува…

Американските глумци Дајана Лејн и Грег Кинер ќе се придружат на снимањето на последната сезона на популарната серија „Куќа од карти“, соопштила компанијата „Нетфликс“.
Тие ќе играат близнаци во последната, шеста сезона, чие снимање продолжува во среда.
Снимањето на „Куќа од карти“, првата оригинална серија на „Нетфликс“, а запрено во октомври откако Кевин Спејси, кој го толкува главниот лик, е обвинет за сексуално вознемирување.
Компанијата тогаш соопштила дека нема да ја продолжи соработката со него. Финалната сезона ќе биде концентрирана околу глумицата Робин Рајт која ја толкува главната женска улога.
Датата на почетокот на емитувањето на последната сезона сеуште не е објавена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …