Пробајте нешто ново: Пиперки полнети со шампињони

Малку поинаку полнети пиперки
Состојки:
– 4 пиперки
– 100 гр варен ориз
– 300 гр динстани печурки
– 150 мл павлака за готвење
– 1 јајце
– 2 компири
– 1 домат
– малку стопен путер
– магдонос
– сол, бибер
Подготовка: пиперките исчистете ги и подгответе за полнење. Оризот кој претходно сте го свариле измешајте го со ситно сечканиот кромид, динстаните шампињони, магдонос, павлака, јајце и путер.
Наполнете ги пиперките со фил. Кога ќе ги наполните филот што ќе остане, измешајте го со ситно исецкани домати и компири. Промешајте и ставете го во тава за печење.
Ставете ги пиперките на филот и печете 30 минути, додека пиперките не поруменат од сите страни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …