Пристигнува нов циклон – Поинтензивни врнежи од дожд и снег

Под влијание на студена воздушна маса, која продолжува да се спушта од северните географски широчини, температурите на воздухот ќе продолжат да опаѓаат и на повеќе места ќе се спуштат до околу или под нулата.

Денес, поточно до утринските часови, минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -6. до 2. степени.
Ќе продолжи претежно облачното време со локални врнежи претежно од снег и тоа со слаб до умерен интензитет. Сепак во некои од котлините има услови за дожд и снег.
Снежната покривка на повисоките места и на планините ќе се зголеми.
Под влијание на нова циклонска активност веќе во вторник најпрвин на запад а до вечерта и ноќта кон среда и насекаде во државава ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ и ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог.
На повисоките места и на планините ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ снежни врнежи каде снежната покривка повторно ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголемува. Исто така во вторник вечерта и ноќта кон среда снежната граница ќе се спушти и нешто под 1000 м.н.в и тоа на северозапад, запад и на југозапад каде можно е формирање на бела покривка и во некои од котлините особено на оние котлини со поголема надморска височина и тоа некаде од 700 – 800 метри па нагоре.
Не се исклучува можноста и за ретка нестабилност проследена со ретки грмежи особено на југоисток. Ќе дува и умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.
НАПОМЕНА: Поради поинтензивните врнежи кои ни доаѓаат повторно е можно ЗГОЛЕМУВАЊЕ на водотеците како и езерата во државава па добро е да се ВНИМАВА поради нивно евентуално и локално излевање,најавуваат од meteomax.mk.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …