Прес конференција и тркалезна маса „Млади за млади, заедно да работат“ во Public Room во Скопје

Во среда, 21 февруари, во Јавна Соба , со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи прес конференција за промоција на резултатите од проектот „Млади за млади, заедно да работат“.

По завршување на прес конференцијата за медиуми од 11 часот до 13 часот ќе се одржи ттркалезна маса за промоција на резултатите од истражувањето за безбедноста на младите во ноќниот живот.


Освен истражувањето ќе се промовира и прирачникот за учество во јавни политики наменет за организации кои работат со млади вклучени во ноќниот живот и други ранливи млади луѓе.

Активноста се споведува преку проектот “Млади за млади, заедно да работат” кој е финансиран преку Еразмус + програмите, реализиран во партнерство со организациите “Ре Генерација” од Белград и “Удруга Тера” од Ријека.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈАВА ЗА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: За време на викендот температурите ќе надминат 30 степени, но стабилно ќе биде само во петок и во сабота, потоа невреме

Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на …