Премиера на „Некрстени денови“ во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

На 19 јуни 2023/ понеделник/ од 20.00 ч. во кино МИС СТОН при ЦК „Марко Цепенков“ премиерно ќе биде прикажан филмот „Некрстени денови“.
Влезници по цена од 100 денари на билетарницата од киното понеделник од 10 -12 и од 18 до 20.00 часот.
Податоци за филмот
НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ (Ballad of Piargy, 2022) Иво Трајков/ Ivo Trajkov, SK/MK/CZ, 100’
Кратка содржина
Во пролетта 1939 г. се пренесува веста дека во малото планинско село Пиарџи (Piargy), затрупано од лавина снег пред само неколку дена, се родил Антихристот. Бискупот бара точно да се истражат изјавите на Јоанка, единствената преживеана од катастрофата, за да дознае што навистина се случило.

Љубов, страст, надеж, грев и казна.
Ова се зборовите што најдобро би ја опишале атмосферата во најновиот филм на Иво Трајков, симбол на модерната Содома и Гомора.
Визуелно раскошна приказна, базирана на кратка приказна на словачкиот писател Франтишек Швантнер (František Švantner), филмот импресионира со својата оригиналност и раритетност во пристапот на темата. Преку брилијантната црно-бела фотографија тој суптилно и нетенденциозно ни доловува атмосфера на историска драма и претставува огледало на хипокризијата на моралот, религијата и патријархалната традиција во општеството – подеднакво релевантна денес, како и во периодот непосредно пред Втората светска војна.


Филмот „Некрстени денови“ во словачко-македонско-чешка копродукција има учествувано на голем број меѓународни филмски фестивали и е добитник на повеќе награди, меѓу другите и на фестивалите во Буенос Аирес, Брисел, Фестивалот на независен филм во Монтреал итн.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …