CREDENCE DANCE – Вечери на класичен и современ танц

Во периодот 20-24 јуни за прв пат ќе се одржи мини танцовиот фестивал „Creadance Dance: Вечери на класичен и современ танц“ во организација на Факултетот за музичка уметност, Скопје.

This image has an empty alt attribute; its file name is CREDENCE-DANCE.jpg


Идејата за негова реализација беше пред се создавање на простор за презентација на дострелите на танцовата уметности на студентите на ФМУ од катедрата за балетска педагогија и алумните на факултетот. Освен тоа концептот ги соединува идните студенти и професионалниот танцова кадар. Конципиран е во два изведувачки блока односно во две концертни вечери. Првата вечер ќе се одржи на 20.06.2023 на малата сцена на НОВ со почеток во 19.30 часот. Ќе се презентира современиот танц од страна на студентите на ФМУ со учество на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Ексклузивен гост на оваа вечер е поранешниот студент на ФМУ, Бојан Мицев и неговата партнерка Амбре Твардовски со која се дел од Оснабрук танцовата компанија во Германија. Вториот сегмент односно втората вечер е со доминантно класична балетска програма. Ќе се одржи на 24.06. 2023 на големата сцена на НОБ со почеток во 20.00 каде освен студентите ќе настапат истакнати солисти од НОБ, Христина Наќевска и Балаж Лочеи и ученици од средното балетско училиште. Круна на целиот фестивал е настапот на нашиот реномиран балетски играч Марко Мицов и неговата партнерка Маризе Фумеро од Милвоки балет компанијата од САД. Двете вечери ќе се одржат на малата односно големата сцена на НОБ. На фестивалот ќе бидат доделени награди за млади надежи и трајни вредности во танцовата уметност на Македонија.

Мини фестивалот е поддржан од Министерството за култура. Влезот е слободен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„За кого како“ нова песна и спот на скопскиот бенд „Преку Ред“

„Преку Ред“ се млад рок бенд од Скопје формиран во 2019. Членови се Антони Анев …