Премиера на документарниот филм “Патот на Престапникот”

Во вторник, на 2 април 2024 година во Кинотека, со почеток во 18:00 часот, премиерно ќе биде прикажан документарниот филм “Патот на Престапникот”.

Се работи за филм во кој преку влез во најдлабоките ќошиња од македонските затвори, се анализираат процесите кои водат до девијантно поведение на индивидуата. Во него, преку интервјуа со затворски работници и осудени лица се прави обид да се одговори на вечното прашање: дали човековото криминално однесување може да се поправи и дали ресоцијализацијата во затворите може да го постигне тоа?


Она што го разликува филмот од останатите е тоа што ова е вистински затворски филм кој допира до сржта на проблемите во македонските затвори. Работен е од двајца професионалци со триесетгодишно работно искуство во нив, а пласираните теми и заклучоците од филмот се одлично четиво за секој функционер кој сака да промени нешто во пенитенцијарниот систем.

Без гимики, без светла и шминки, филмот се базира на лични приказни на осудените лица и на професионални согледувања на вработените во затворите.


Времетраење на филмот: 31 минута. Влезот е бесплатен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …